Нов Македонски производ конечно и во Македонија, вкусен, хранлив и лековит зеленчук-БЛАГ КОМПИР.

Благиот компир (Latin: Ipomea Batatas) потекнува од Јужна Америка и луѓето го употребуваат повеќе од 5000 години. Тој е високо енергетски производ кој содржи многу скроб а многу малку масти.

Благиот компир содржи количина на хранливи материи и витамини од кој било друг зеленчук.

Може да ги задоволи дневните потреби за исхрана бидејќи е богат со јагленохидрати, витамини (А, Ц, Е, Б6) и минерали(калиум, железо, магнезиум

Во себе содржи големи количини на бета-каротин односно (200 грама од слаткиот компир дава иста количина на бета-каротин како и 5 килограми брокула) Бета каротинот често се нарекува и провитамин А бидејќи организмот во зависност од потребите го претвара во витамин А.

Овој витамин игра битна улога во одржување на здрава кожа и слузница бидејќи делува на клетките во нивните најдлабоки делови на начин што тие созреваат и ги заменуваат изумрените клетки од површината на кожата. Бета-каротинот го стимулира функционирањето на инмунолошкиот систем. Тој е познат антиоксиданс кое е важен за добро функционирање на инумолошкиот систем (меѓу другото и за превенција од Алцјамеровата болест)

МНОГУ ВАЖНО е дека само 140 грама од благиот компир ги обезбедува дневните потреби од втаминот Е, кој е многу важен фактор затоа што штити од срцеви болести и затнување на крвните артерии. Благиот компир во себе не содржи холестоерол, масти, и незначителна количина на шеќер.

Исхраната богата со благиот компир значително го подобрува квалитетот на живеење на модерниот човек:

За јадење благиот компир може да се приготвува како печен, варен, пржен и како пире. Доколу го печете се препорачува да го конзумирате после половина саат бидејќи додека се лади благиот компир се карамелизира и испушта сокови.

Се јаде како самостојно јадење и како прилог за месо. погоден е за печење на скара.

Можете да го најдете во поголемите маркети низ МАКЕДOНИЈА.

Контакт телефон:
+389 71 252 305

Е-пошта:
agroboma@yahoo.com
info@blagkompir.com.mk